Пита со праски и цимет – рајско слатко задоволство

Сакате да подготвите еден интересен десерт овој викенд? Оваа пита со праски се прави лесно, а само едно залче ќе ве однесе во рајот.
Пита со праски и цимет – рајско слатко задоволство
Потребни состојки за тестото:
250 грама брашно
125 грама путер
1 жолчка
1 лажица шеќер
Прстофат сол
2 лажици ладна вода
Потребни состојки за филот:
4 зрели праски
4 лажици мед
Прстофат цимет
Кора од 1 лимон
2 лажици презла
Ливчиња нане


Начин на подготовка:
Измешајте ги состојките за основата и замесете ги во компактно тесто. Покријте го тестото со целофанска фолија и ставете го во фрижидер добро да се излади (околу 90 минути).
Потоа, помеѓу два листа хартија за печење растегнете го тестото во кружна форма со радиус од околу 25 см и дебелина од 0,5 см. Подготвеното тесто избоцкајте го со виљушка и тргнете го настрана.
За тоа време исечете ги праските на парчиња. Изрендајте лимонова кора и измешајте ја со презлата и циметот.
На тестото посипете ја подготвената презла, а потоа наредете ги парчињата праски и на крајот прелијте со мед.
Рабовите на тестото малку поткренете ги нагоре, па кон средината за да се добие убаво формиран круг.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Питата послужете ја топла во комбинација со топка сладолед и декорирајте со ливчиња нане.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.