Во Копенхаген повторно немири

Во  Копенхаген, во центарот на градот повторно имаше пукање и повредени.Повторно пукање во Копенхаген – убиен маж, има повредени полицајци”>Крај синагогата во Копенхаген еден човек беше застрелан во главата, а двајца полицајци повредени, односно во раката и ногата, соопштуваат  полицииски извори, прецизирајќи дека е рано да се каже дали нападот е поврзан со нападот порано вчера на предавањето во арт кафето во данската престолнина, пренесоа агенциите. Подоцна застрелан во главата маж починал, прецизира данската полиција.
Повторно пукање во Копенхаген – убиен маж, има повредени полицајци”>Данската телевизија ТВ2 соопшти дека е прогласена евакуација метрото и железничката станица во близина – Норрепорт. Полицијата трагаше по еден осомничен за нападот врз арткафето, при што загина еден човек.Полицијата првично соопшти дека трага по двајца напаѓачи во врска со нападот, но подоцна прецизира дека се бара само еден осомничен, повикувајќи се на изјави на сведоци. Покрај тоа , беа објавени неколку фотографии од камери за набљудување со нејасно слика на најбараниот човек облечен во дебела јакна и капа и шал, и делумно скриено неговото лице, соопштија агенциите.
Според описот на очевидците тој е на возраст 25-30 години, , атлетски граден со арапски лик, и носел црн автомат.Органите на редот изјавија дека е премногу рано да се каже дали инцидентот е поврзан со нападот врз културниот центар “Крудтонден” при кој загина еден човек, а тројца беа повредени.
Утрово данската полиција застрела маж во Копенхаген во близина на објектите на двата напади, во кои беа убиени двајца цивили и повредени петмина полицајци, пренесе Ројтерс, цитирајќи соопштение на полицијата на Твитер.
“Човекот беше предупреден да престане. Тој отвори оган врз полицајците и беше застрелан. Мажот почина. Нема повредени полицајци”, гласи пораката за инцидентот во соседството Н оребро близу  до  железничката станица.
Органите на редот во Шведска и Германија почнаа интензивни проверки на сите автомобили кои ја минуваат границите со ДанскаПовторно пукање во Копенхаген – убиен маж, има повредени полицајци”>Крај синагогата во Копенхаген еден човек беше застрелан во главата, а

Пронајдете не на следниве мрежи: