четврток, 12 ноември 2026
Најново

Можеби за година и половина нема да ни треба автомобил за низ Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопје ослободен од сообраќај по урнекот на светските метрополи. Ваква е најавата на одбележувањето на Европската недела на мобилност, во чии рамки попладнево улицата кај Рекорд е претворена во пешачка зона, планот е за две години овде да не поминуваат автомобили и ова да стане пешачка зона, вели Шилегов за „Канал 5“.
Ќе има еден убав плочник каде граѓаните ќе може слободно да се движат. Сакаме да демонстрираме како ќе изгледа една улица каде сме на викнати на сирени, метеш и сообраќај да биде тивко, рече Шилегов.


Се планира да се пренасочи сообраќајот зад Собрание, но на планот се уште се работи, а се планира и да се рашири зеленилото кај „Жена парк“.
На година и пол од сега, можеби во Скопје нема да ви биде потребен автомобил за да се движите низ градот.И сега не е потребен, бидејќи анализите покажуваат дека просечен граѓанин поминува 2 до 3 километра со автомобил што многу побрзо и едноставно да се постигне пешки, со велосипед или тротинет, како што користам јас и стигнувам многу побрзо, рече Шилегов.

Поврзани вести