Градникот и го спасил животот!

Бразилските вести известуваат дека градник и го спасил животот на една жена која била погодена од заскитан куршум.
 Ивет Медеирос , продавачка во амазонскиот  град Белем, била погодена откако слушнала врева и излегла од продавницата да види што е работата.
Крадец држел случаен минувач, а  кога таа излегла да види тој почнал да пука и куршумот ја погодил под левата дојка.
Нејзиниот сопруг  изјавил дека си помислил дека неговата жена е мртва.
Но за среќа куршумот се заглавил во нејзиниот црн чипкан градник. Според извештајот објавен во четвртокот  на  градникот имало само мала дупка од  куршумот.
„Тоа беше избавување од Бога.”- изјавила Медериос. Ивет Медеирос , продавачка во амазонскиот  град Белем, била погодена откако слушнала врева и излегла од продавницата да види што е работата.

Пронајдете не на следниве мрежи: