Цитати за кармата што ќе ве потсетат дека сите го добиваат она што си го заслужиле

Тешко е постојано да се биде позитивен. Сите имаме лоши денови понекогаш. Без разлика дали сте ги заборавиле клучевите, сте задоцниле на работа или сте го пропуштиле автобусот, нормално е тоа што таквите работи влијаат на вашето расположение. Но, најважно е да не ја пренесувате негативната енергија на луѓето околу вас.
Иако можете да влијаете на вашето однесување, не можете да го контролирате туѓото, така што можно е да се случи некој да го пренесе лошото расположение на вас. Неизбежно е тоа да налетате на намуртени и негативни луѓе. Во таков случај, најдобро е да не реагирате, туку да оставите кармата да се погрижи за нив.
Ако некој ве истурка и ви го земе редот, ви се развика од неоправдани причини и слично, не дозволувајте тоа да ви го уништи денот. Останете смирени и верувајте во моќта на кармата. Доколку сте ја изгубиле вербата во нејзиното дејство, следниве цитати ќе ве потсетат на тоа дека сите го добиваат она што си го заслужиле…
„Никогаш нема да станете толку големи одмаздници колку што е кармата.“
„Вистинското лице на луѓето ќе се покаже со текот на времето. Можеби ќе бидете измамени во моментот, но бидете трпеливи и почекајте да видите што ќе се случи.“
„Кармата е најдобриот проценувач на карактери.“
„Некои луѓе самите си ги создаваат бурите и потоа се лутат кога ќе им заврне.“
„Порано или подоцна, сите седнуваат на банкет од последици.“
„Единственото нешто што треба да го знаете за кругот е дека секогаш се врти.“
„Кармата е како ластик. Можете да го тегнете дотаму додека не ви се врати и не ве плесне по лицето.“
„Однесувањето на другите луѓе е нивна карма. Вашата реакција на него е ваша карма.“
„Кармата само си ги остри ноктите и си го довршува пијалакот. Ќе се појави за кратко.“
„Сѐ што правите ќе ви се врати назад.“
„Престанете да се нервирате поради лошите луѓе.“
„Само запомнете дека сите неволји што ќе ви ги предизвикаат другите луѓе, порано или подоцна ќе им се вратат.“
„Никогаш немојте да се каете поради тоа што сте биле добри со погрешни луѓе. Вашето однесување кажува сѐ за вас, а нивното кажува доволно за нив.“
„Автобусот под кој ќе ве фрли непријателот, ќе заврти и ќе го удри на тротоарот.“
„Кармата никогаш не губи адреси.“
„Ако треба да одбирате помеѓу тоа да бидете добри или да бидете во право, одберете ја добрината и никогаш нема да погрешите.“
„Будалите земаат нож и го забодуваат во грбовите на луѓето. Мудрите го земаат ножот, ги пресекуваат ланците и се ослободуваат од будалите.“
„Луѓето кои сами создаваат драма, си ја заслужуваат својата карма.“
„Луѓето кои користат други луѓе како скали за искачување, ќе изгубат рамнотежа еден ден.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.