Најмалку 19 лица загинале, а повеќе од 300 се повредени во силен земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала кој денес го погоди Пакистан.
“Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени“, рече Сардар Галфараз, заменик генерален инспектор на Мирпур, град во пакистанскиот дел на Кашмир, во близина на епицентарот на земјотресот.
Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри северно од градот Џелум во Пакистан, на релативно мала длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
“Најголема штета е направена во областите меѓу Џелум и Мирпур“, рече шефот за природни непогоди на Пакистан, генерал-полковник Мухамед Афзал.
Силниот земјотрес предизвика вознемиреност и паника кај жителите кои ги напуштија своите домови и работните места.