Британија ги крена авионите поради руските летала над Ла Манш!

Велика Британија ги крена своите борбени авиони „тајфуни“, за да пресретне два руски авиони од типот „мечка“, кои летале во близина на британскиот воздушен простор, денеска соопшти Министерството за одбрана во Лондон.Во соопштението се наведува дека руските авиони биле забележани вчера над Каналот, јужно од Англија и дека биле пратени „тајфуни“ од Шкотска и Конингсби, на истокот на Англија.
-Авионите на РАФ ги испратија руските авиони сѐ додека тие не излегоа од областа на интерес на Британија. Руските авиони ниту во еден момент не го нарушија воздушниот простор на Британија, се наведува во соопштението.
Минатата година, НАТО преку 100 пати има пресретнато руски авиони. Три пати повеќе отколку во 2013 година.
Вишиот стручен соработник на Кралскиот институт за обединета служба, Елизабет Квинтана, смета дека овој последен инцидент е сепак „невообичаен“ и дека би можел да биде поврзан со фактот дека британските власти оваа недела имаат покренато официјална истрага за смртта на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко, некогашниот жесток критичар на Кремљ.
-Летот на воен авион во, или во близина на суверен воздушен простор на друга земја, укажува на незадоволство или во најлош случај, на агресија, изјави Квинтана.Во соопштението се наведува дека руските авиони биле забележани вчера над Каналот, јужно од Англија и дека биле пратени „тајфуни“ од Шк

Пронајдете не на следниве мрежи: