Убиени 49 полицајци од страна на исламистите на Филипините

Официјален претставник на Владата во Манила денеска соопшти дека на југот на Филипините, во областа Магуинданао, вчера и минатата ноќ биле убиени 49 припадници на специјалните антитерористички сили на филипинската полиција.Убиените се враќале по успешната акција за ликвидација на познатиот малезиски терорист Зулфики Бин Хир, експерт за експлозиви кој оперирал во Малезија и на Филипините.
Сѐ уште не е познат бројот на жртвите од страна на напаѓачите, за кои се знае дека се припадници на радикалната исламистичка група МИЛФ која пред две години се одвои од поголемата бунтовничка група МОРО фронт. До поделбата дојде поради мировните преговори и потпишаноиот договор за мир на југот на Филипините.
Филипинските медиуми пренесуваат дека на подрачјето на вчерашниот судир денеска се испратени и голем број војници кои се обидуваат да ги извлечат телата на загинатите полицајци.
Се шпекулира дека исламските радикали при повлекувањето, како жив штит, со себе ќе земат и повеќе цивили и затоа состојбата на југот на Филипините армијата ја нарече „повеќе од деликатна“.Убиените се враќале по успешната акција за ликвидација на познатиот малезиски терорист Зулфики Бин Хир, експерт за експлозиви кој оперирал во Малез

Пронајдете не на следниве мрежи: