Тиболт (30) рече дека правењето на првите чекори во ова одело го направило да се чувствува како „првиот човек на Месечината“. Неговите движења, особено одењето, се далеку од совршени и неговиот роботски костум, т.н. Егзоскелет може засега да се користи само во лабораториски услови, велат научниците. Сепак, тие истакнаа дека изумот може еден ден да го подобри квалитетот на животот на таквите пациенти.Тиболт беше подложен на операција на имплантирање на два импланти на површината на мозокот, покривајќи ги деловите кои го контролираат движењето. Шеесет и четири електроди на секоја од двата импланти ги читаат активностите на мозокот и пренесуваат упатства во компјутер. Софистицираниот компјутерски софтвер ги чита мозочните бранови и ги претвора во упатства за контрола на егзоскелетот.
Кога некое лице смета дека „оди“, се активираат низа инструкции кои му помагаат да ги движи нозете. Може да ги контролира и рацете, маневрирајќи ги во три димензии.
Тиболт, кој не сака да се открие неговото презиме, бил оптичар пред да претрпи несреќа во ноќен клуб пред четири години и да остане парализиран.Тој помина две години во болницата. Тој прво вежбал со употреба на мозочни импланти на виртуелни лица, аватари, во компјутерска игра, а потоа продолжил да прави вистински обиди.
„Се чувствував како да сум првиот човек на Месечината. Не одев две години. Заборавив како е да стојам, заборавив дека сум повисок од многу луѓе во собата“, рече тој.
Тој додаде дека му требало подолго време да ги движи рацете отколку нозете.
„Беше многу тешко бидејќи тоа е комбинација на повеќе мускули и движења. Тоа е нешто најимпресивно што го направив со егзоскелетот“, додаде тој.


