Таткото пријавил кражба, полицијата откри дека синот е крадецот

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расчисти тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште.
Од полицијата информираат дека ќе биде изготвен соодветен поднесок против неговиот 25-годишен син Р.С. согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик. Р.С. се сомничи дека во изминатите три недели од металната каса во домот одзел 5.199.000 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.