Храбро 3-годишно момче ја навело полицијата до местото каде што го оставил киднаперот

Снаодливо момче им помогмнало на полицајците да ја откријат неговата положба, откако киднапер го оставил сред пат во украдениот автомобил на неговата мајка.Елизабет Бариос повторно го држи во прегратки својот син Ејдн благодарение на брзата реакција и неверојатната зрелост на момчето. Тој станал мета на киднапирање кога непознат маж го украл автомобилот на Елизабет додека таа го носела другото дете во градинка.
„Се задржав многу кратко време,а кога излегов од градинката, го видов автомобилот како заминува со Ејдн за задното седиште“, вели мајката.
Таа веднаш ја известила полицијата, која се обидела да стапи во контакт со киднаперот преку нејзиниот мобилен телефон, кој бил во автомобилот. Но, наместо мажот, се јавил Ејдн.

3-годишното момче успеало да им објасни на полицајците дека мажот побегнал и дека тој и понатаму се наоѓа во напуштениот автомобил. Ги послушал упатствата и преминал на возачкото место и почнал да свири за патролата да може полесно да го лоцира.
Планот успеал, па момчето набрзо било пронајдено и вратено на загрижената мајка, околу 45 минути од нивната разделба кај градинката. Билисплашен но не претрпел никакви повреди.Елизабет Бариос повторно го држи во прегратки својот син Ејдн благодарение на брзата реакција и неверојатната зрелост на момчето. Тој станал мета н

Пронајдете не на следниве мрежи: