– Не гледам зошто би ве изненадило да видите некој во автобус, тоа е нормална работа, но мора да се направи од нешто сцена или да се деградира или да се крене во „височините на македонската драма (рекла казала).
И ја имате следната реченица како тоа не била средена, пазете „Каде и да се појави секогаш е средена, а овој пат изненади без шминка и фризура“ чекајте бе луѓе остајте го девојчето еднаш во автобус се качила ништо чудно до крајот на денот да ја „омажите за некој Шеик“, или „Сани со симпатии кон шоферот на кој му намигна, дали ова значи дека се во брак ? “.Би било убаво кога ова би бил предизвик, па да можеме да видиме и други јавни личности да се повозат во градски и барем на еден ден да не бидат дел од сообраќајниот метеж.