Пендаровски: И името на државата го сменивме за датум за преговори

И името на државата го сменивме за да добиеме датум за преговори, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник “Пресе“ и предупредува дека за никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори.
“И името на државата го сменивме заради тоа. Тоа не го направила досега ниту една држава“, вели Пендаровски за “Пресе“ додавајќи дека ЕУ треба да го има тоа во предвид.
“Граѓаните не прашуваа зошто мораме да го смениме името на нашата држава. Нашиот одговор беше-за да станеме членка на ЕУ. Направивме се што се бараше од нас досега. Сега граѓаните прашуваат зошто доаѓа до одложување“, изјавил претседателот Пендаровски за австрискиот весник.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: