Оливија Њутн Џон ги продава панталоните од „Брилијантин”

Актерката и пејачка Оливија Њутн Џон, најпозната по улогата во филмот „Брилијантин” каде глумеше покрај Џон Траволта, ќе продаде околу 500 свои предмети на аукција. Меѓу нив и славните црни панталони од завршните сцени од филмската класика.


На аукцијата ќе биде понудена и виолетовата јакна што таа ја носеше во филмот, како и црната кожена јакна со која ја видовме на крајот од истиот.
Сиот приход од наддавањето ќе оди во добротворни цели.
Познатата глумица, инаку, со години се бори со рак на дојката, што првпат ѝ беше дијагностициран 1992 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.