Задутре е неработен ден – до крајот на годината имаме уште еден споен викенд, еве и кога

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2019 година (среда), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

За сите граѓани на РМ

23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден

За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (петок), Празникот на сите светци
25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.