четврток, 12 ноември 2026
Најново

Постудено време со дожд, од недела пораст на температурата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Република Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно и постудено со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремен локален дожд. Од недела ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места.

Поврзани вести