Многумина останаа изненадени од ова
Новица и Љубица Цуцкиќ од Шилова кај Гнилане останаа затечени од глетката додека ги подготвуваа дрвјата за огрев.
Имено, во прашање се дрва кои што Новица ги собрал од манастирската шума, а на едно од нив се гледа крст. Ваквиот знак кај луѓето во овој крај се смета за чудо на природата, а некои го сметаат и за знак од небото.
Фотографиите ги објави Никола Митиќ кој работи како психолог во локалното училиште, со следниот коментар.
„Фотографијата е направена пред два дена и тоа во манастирската шума. Ова не е прв случај со ваква глетка“, напиша Никола.
Иако не е познато како настанал ваквиот крст, многумина го сметаат за знак и чудо на природата.