четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претседателот Иванов го честита Денот на наставата на турски јазик

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Македонија по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.- Јазикот ја претставува душата на една нација. Во него е содржан кодот на идентитетот на еден народ. Можностa за образување, творење и напредување на својот мајчин јазик, е вредност која придонесува за развојот на културниот плурализам во државава. Република Македонија е сплет на различни култури и религии, кои меѓукултурно нè поврзуваат и нè обединуваат. Почитувајќи ги традицијата и посветеноста за негување и унапредување на меѓусебните односи во земјава,  го одбележуваме празникот на турската заедница како ден кој сплотува и ги зацврстува меѓусебните односи, вели македонскиот претседател во честитката.
Во оваа пригода, додава тој, не можеме, а да не ја споменеме и цврстата соработка со Република Турција, која се одвива во духот на пријателството, меѓусебното почитување и разбирање.  Како долгогодишни пријатели и стратешки партнери, вели Иванов, имаме постојан дијалог и интензивна соработка во реализацијата на проекти од различни области.
Претседателот Иванов во честитката истакнува дека во иднина треба заеднички да продолжиме да ги негуваме културните особености и да работиме на промоција на културниот, образовниот, економскиот и општествен развој на Република Македонија.- Јазикот ја претставува душата на една нација. Во него е содржан кодот на идентитетот на еден народ. Можностa за образување, творење и н

Поврзани вести