Кучето бега неколку секунди пред да започне тресењето: Видео од моментот на разорниот земјотрес

Во тек се спасувачки акции во обид да се извлечат затрупаните од под урнатините, по тешкиот земјотрес кој ја погоди Албанија утрово неколку минути пред 4 часот, а во кој загинаа најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 325 се повредени.
На „Твитер“ беше споделено видео од надзорни камери од моментот кога започна силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала. Во него се гледа како куче кое мирно спие под еден од балконите, бега неколку секунди пред да започне тресењето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.