Австрија по неодамнешниот повик на Исламска држава до своите симпатизери на Запад да извршуваат напади, ги зајакна мерките за безбедност, пишува виенскиот весник „Естерајх“.Зајакнати се мерките за безбедност на американските и еврејските установи, но и на официјалните институции, како што е Парлманетот.
– Земањето заложници, како случајот во Сиднеј, е тешко да се спречи, оценува весникот, додавајќи дека австриските власти имаат поголема верба во превенцијата.
Службата за зачувување на уставноста и борбата против тероризмот постојано набљудува 65 лица, кои се вратиле од војната во Сирија, сметајќи дека тие во војната дополнително се радикализирале и оти поради тоа претставуваат најголема опасност. Службата ги набљудува и сите социјални мрежи и онлајн форуми, со цел да препознае евентуални радикални групи.Зајакнати се мерките за безбедност на американските и еврејските установи, но и на официјалните институции, како што е Парлманетот.
– Земањ