Ова се жртвите на киднаперот од Сиднеј

34 годишниот Тори Џонсон, кој работел како менаџер во кафулето-продавница за чоколади и 38 годишната Катрина Доусон мајка на три деца, се двајцата заложници кои загинаа во драмата што се одвиваше вчера во центарот на Сиднеј.Џонсон загинал откако се обидел да му го одземе оружјето на киднаперот Ман Харон Монис. Катрина Доусон пак, која била мајка на три малолетни деца помлади од 10 години починала во болница. Таа била адвокатка и работела во зградата на спротивната страна од кафулето, пишува Дејли меил. Во моментот кога Монис влетал во кафулето, таа била на кафе со трудна колешка.
50 годишниот киднапер држел во заложништво 17 луѓе повеќе од 16 часа. Кога заспал, заложниците почнале да бегаат. Тогаш истрелал неколку куршуми а специјалците веднаш упаднале во кафулето. Родителите на Тори Џонсон рекле дека се горди на својот храбар син и дека се благодарни на сите за поддршката во овие тешки моменти.
Заложничката криза завршила во 2,15 часот по локално време. Повредени биле шест луѓе, меѓу кои три жени на возраст од 43 до 75 години, две трудници и полицаец. Киднаперот е убиен во престрелка со полицијата.Џонсон загинал откако се обидел да му го одземе оружјето на киднаперот Ман Харон Монис. Катрина Доусон пак, која била мајка на три малолетни деца п

Пронајдете не на следниве мрежи: