ТАГА ВО СИДНЕЈ: Цвеќе за жртвите од терористичкото киднапирање

Австралискиот премиер Тони Абот положи цвеќе на инпровизирано место за сеќавање на жртвите од киднапирањето кое вчера се одигра во кафулето „Линт“ во центарот на Сиднеј, во кое смртно настрадаа три лица, вклучувајќи го и киднаперот.Абот напишал порака на хартија и им мафтал на собраните додека го положувал букетот бели цветови на плоштадот Мартин Плејс, пред кафулето во кое вчера се одигра 17-часовна драма. Сопругата на Абот, Марџи исто така положила цвеќе за спомен на жртвите.
По положувањето на цвеќето, премиерот изјавил дека киднаперот бил „многу пореметен човек“, како и тоа дека веќе и бил познат на полицијата, но не се наоѓал на листата на можни терористи.
„Киднаперот Ман Харон Монис (50), кој загина во размена на оган со полицијата, како и двајца заложници, многу добро и е познат на австралиската федерална полиција, но мислам дека не бил на листата на луѓе сомнителни поради тероризам“, истакнал Абот.
Од рано утро, голем број граѓани положуваат букети цвеќе пред кафулето „Линт“, во кое киднаперот, со потекло од Иран, вчера држел 17 заложници.
Киднапирањето завршило по 16 часа, кога полицијата упаднала во локалот и отворила оган, при што загинале и двајца заложници, како и напаѓачот. Тој, според зборовите на премиерот, имал „долго досие за насилни дела, бил залуден од екстремизмот и ментално нестабилен“.
Австралиските муслимански организации во заедничко соопштение го осудиле овој чин.
„Го отфрламе секој обид на одземање невин живот или предизвикување страв и терор во нивните срца“, се наведува во соопштението.Абот напишал порака на хартија и им мафтал на собраните додека го положувал букетот бели цветови на плоштадот Мартин Плејс, пред кафулето во кое вч

Пронајдете не на следниве мрежи: