Пратеникот во италијанскиот парламент Флавио ди Муро е топ тема на Апенините.
Пратеникот од партијата „Лига за север“сторил нешто несекојдневно на седница на Парламентот, откако се јавил за збор отишол до говорницата и на изненадување на пратениците извадил прстен и ја запросил својата колешка.
-Елза сакаш ли да ми бидеш жена?, изјавил Ди Муро.
Потоа сите пратеници станале и со аплауз го поздравиле овој симпатичен пчин на нивниот колега.
Но, претседателот на Парламентот сепак немал толку разбирање како останатите пратеници и имал негативен коментар за потегот на Ди Муро.