четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонската Влада испраќа 3.716 ќебиња за настраданите во Албанија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за одбрана предложи, а Владата на денешната седница прифати да се додели хуманитарна помош на Република Албанија, што се состои од 3.716 ќебиња, за потребите на настраданите во земјотресот од 26.11.2019 година кој го погоди градот Драч и околината.
Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, владата денеска ја одобрила и постапката за преговори за потпишување Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за отворање нов заеднички Граничен премин „Лојане-Миратовац“.

Поврзани вести