Македонец направи скандал во „Ѕвездите на Гранд“

Стефан Величковски, македонскиот пејач кој имаше чест да ја отвори четиринаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ одлучил своеволно да го напушти натпреварот, иако успешно го помина првиот круг и го доби Ѓорѓе Давид Николиќ за свој ментор, дознава КУРИР.
Имено, Величковски не присуствувал на првите две проби со менторот и ја известил продукцијата дека повеќе нема да настапува во овој музички натпревар.


– Ова ми е трета година по ред и навистина многу ми помогна во кариерата. Имам премногу настапи и не можам соодветно да се посветам на натпреварот годинава, потребна ми е пауза. Лани имав одлична соработка со Вики, а сега одлучив да се повлечам пред да му го трошам непотребно времето на Ѓорѓе Давид. Имам поддршка од Саша Поповиќ и Гранд за се што работам, па се надевам дека многу наскоро токму таму ќе промовирам нешто ново на македонски јазик, открива Величковски.
Челниците на најголемата српска продукција „Гранд“ не успеале да го убедат да продолжи во шоуто, но својата врата му ја оставиле отворена за да ги промовира сите нови материјали, како и повторно во некоја следна сезона на „Ѕвездите на Гранд“, дознава КУРИР.
Како потсетување, Стефан Величковски е дипломиран музички професор со стекната диплома при Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсек Музичка теорија и педагогија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.