четврток, 12 ноември 2026
Најново

Северина се заблагодари за поддршката- ја спомна и Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Благодарам на сите што мислевте на мене. Посебно е чувството да си на некој во мислите, да те разбираат и да знаат „за што се работи тука“. Благодарам на сите јавни личности и на сите непознати кои ми дадоа поддршка. Во секој ваш збор почувствував по една мала молитва… Благодарам Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и им благодарам на сите луѓе кои живеат во дијаспората.


Ова го напиша пејачката Северина Којиќ на Инстаграм, која поминува низ тежок период откако го изгуби старателството на нејзиниот син Александар, упатувајќи благодарница до сите за поддршката.
Северина продолжува со својата турнеја низ регионот, а вечерва има концерт во Загреб.