четврток, 12 ноември 2026
Најново

Министерство за здравство се огласи по автобуската несреќа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерство за здравство според информациите добиени од Министерството за надворешни работи информира дека во сообраќајката несреќа која утрово се случи на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во кој автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник, повредени се 26 лица. Од нив, 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље, а еден од згрижените во Прокупље е потешко повредено.
Згрижените пациенти се надвор од животна опасност. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените.

Поврзани вести