четврток, 12 ноември 2026
Најново

Доаѓаат дожд и снег: Еве какво време не` очекува до четврток

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Утре наутро ќе има услови за појава на магла по котлините во државата. Преку денот пак, ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер, информираат од УХМР.
Во вторник времето во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Променливо облачно ќе биде во среда. Претпладне со локален дожд, а на планините и на повисоките места особено на запад и север со повремен снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во четврток исто така ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот ќе има локален дожд.

Поврзани вести