четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Крушево и на планинските премини Ѓавато и Плетвар.
Поради магла има намалена видливост од 20 до 30 метри кај село Гајре на патот кон Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На патиштата низ речните долини и клисурите е можна од појава на одрони, посебно на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Поврзани вести