Облачно време со дожд, на планините снег – утре обилни врнежи

Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон сабота. Ќе дува повремено умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремено умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во сабота особено претпладне се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник ќе има услови за магла по одделни котлини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.