четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пендаровски и сопругата ја украсија новогодишната елка со децата од „Доза среќа“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новогодишната елка во Канцеларијата на претседателот денеска ја украсија претседателот Стево Пендаровски, неговата сопруга и децата и младите од „Доза среќа“.
-Василиј, Тихон, Наума, Христо, Марио, Матеј, Стефан, Ана -Марија, Дарко, Јована, Елена, Цако, Илина, Ники, Игор, Ива и Денис со мене и сопругата Бети ја украсија новогодишната елка во #МладиХаб- Канцеларија на претседател, објави претседателот на својот фејсбук профил.
Заедно со Кристијан, стои во објавата, се обидовме да им ја доловиме магијата на претстојните празници на децата и младите од дневниот центар „Доза среќа“. Празниците може да почнат.

Поврзани вести