Сончево време со температура до 17 степени, од петок повторно дожд

Времето во земјава ќе биде сончево со мала облачност. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од седум до 17 степени.


Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност.
Утринската температура ќе достигне до нулата, а дневната температура до седум степени.
До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од дожд, а во петок се очекува умерен јужен ветер и расчистување на маглата. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Пронајдете не на следниве мрежи: