четврток, 12 ноември 2026
Најново

Еве каде има магла во моментов- возете внимателно!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради појава на магла вечерва има има на патниот правец Тетово- Попова Шапка и на патиштата во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Ресен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово- Велес, Маврово- Дебар- Струга, Виница- Берово и Кочани- Делчево.
Од 15 ноември во сила е и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Поврзани вести