четврток, 12 ноември 2026
Најново

Католиците денес го празнуваат Бадник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Католиците ширум светот денес го празнуваат Бадник.
Верниците, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествова литургија. За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето на Исус Христос.
Сите христијански народи го прославуваат Божиќ со најразлични обичаи. Божиќното дрво се поставува во село и во град. Додека се украсува борот, се пејат весели божиќни песни.
На Божиќ го славиме раѓањето на Исус Христос и ја споделуваме својата радост со нашите пријатели, соседи, роднини, сиромашни, болни и сите други со кои ќе се сретнеме овие божикни денови. Во знак на радост нека одекне божиќната песна: „Насекаде на земјата мир”.


Божиќ утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.
Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божиќ ќе го одбележат на 7 јануари.

Поврзани вести