Би требало да ги приведат: Полицајки во неволја поради врели фотки

Њујоршката полиција тврди  дека со објавувањето на овие фотографии полицајките ја загрозиле својата сигурност, но и сигурноста на одделот.  За казна веројатно ќе им бидат  одземени слободните денови.Група полицајки од Њујорк се пред дисциплинска постапка откако  Полициската служба на Њујорк открила инстаграм профил на кој  полицајките ги објавувале своите фотографии  на кои ги истакнуваат своите атрибути.
На тој начин го прекршиле правилникот на полицијата за социјалните мрежи кој стапил на сила во 2013  година. Секао, проблемот не е во објавувањето на сопствените фотографии , туку во тоа што  комбинирале фотографии во униформа  со приватни фотографии.

Њујоршката полиција смета дека  на тој начин  ја загрозиле сопствената сигурност, но и сигурноста  на одделот.  Покрај тоа, споменатиот правилник вели дека сопствените фотографии  во службена униформа  можат да ги објавуваат исклучиво доколку се снимени на службена церемонија  и предипредува дека  „објавите на социјалните мрежи би можеле да бидат искористени против нив за да се наруши кредибилитетот на одделот, за да се компромитираат  истрагите кои траат и на крај би можел да биде нарушен нивниот статус на вработени“.

Иако според правилникот, ваквите престапи  навистина би можеле да резултираат со отказ, сепак полицајките најверојатно ќе бидат  казнети со  десетина дена од годишниот одмор.

Police Officers May Be Disciplined for 'Sexy Selfies'Група полицајки од Њујорк се пред дисциплинска постапка откако  Полициската служба на Њујорк открила инстаграм профил на кој  полицајките

Пронајдете не на следниве мрежи: