НАТО го одобри формирањето на силите за брза реакција

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг денеска изјави дека земјите-членки го одобрија формирањето на првата група сили за брза реакција, чија задача ќе биде заштита од Русија и другите закани.- Привремената единица ќе почне да функционира на почетокот од 2015 година, а подоцна ќе биде заменета со постојани сили, наведе Столтенберг.
До формирањето на постојаните сили во 2016 година, кои ќе бројат 4.000 лица и ќе можат да се распоредат за 48 часа ќе дејствуваат привремените сили, составени од германски, холандски и норвешки војници.
– Првите дипломати на земјите-членки исто така ги поддржаа мерките за смирување на државите од Алијансата, кои се најблиску до Русија. Мерките вклучуваат засилени патроли над Балтичкото Море и распоредување на единици на НАТО во Полска и во балтичките земји. Ги заштитуваме нашите сојузници и ги поддржуваме нашите партнери, потенцираше Столтенберг.
Тој додаде дека изборот на Украина за присоединување кон европските земји е јасен и треба да се почитува.- Привремената единица ќе почне да функционира на почетокот од 2015 година, а подоцна ќе биде заменета со постојани сили, наведе Столтенберг.

Пронајдете не на следниве мрежи: