Меркел и Путин војуваат за доминација на Балканот

Ова е главниот заклучок на водечките светски медиуми како што се Фајненшл тајмс, Ројтерс, Гардијан и Дер Шпигел, кои во последните денови покажуваат невообичаен интерес за подрачјето на Западен Балкан. При тоа не се работи исклучиво за реперкусиите поради ослободувањето на Шешељ, туку за геостратешкото надмудрување меѓу ЕУ и САД во однос на Русија.Главата улога ја има Србија поради блискоста со Русија. На Запад има сѐ повеќе политичари кои врската меѓу Москва и Белград ја оценуваат како потенцијална опасност за Западен Балкан. Така, во анализата на „Фајненшл тајмс“ неодамнешната посета на германскиот претседател Јоаким Гаук на Словенија се доведува во врска со стратегијата на Берлин за сопирање на сите изразени руски влијанија во регионот.
Германските политичари ги загрижи посетата на Путин на Белград, а уште повеќе руската тактика на ширење на економското влијание меѓу посткомунистичките држави. Бугарија е поврзана со Русија од историски и економски причини, а Словачка и Унгарија зависат од енергентите кои им ги испорачува Русија. Руското влијание нема да се ограничи само на Украина, туку Москва смета и на Србија, каде што постои благодарност кон Кремљ поради непризнавањето на Косово.
Во минатото, поради православните врски, Русија ја доживуваше Србија како помлад брат, а во последните години Русите купија некои од најважните српски компании. Во Берлин се вели дека Русија развива стратегија за балканските држави. Иако нема воени амбиции, во тек е медиумско-финанско-коруптивна операција, заклучува „Фајненшл тајмс“.
И агенцијата „Ројтерс“ потсетува дека Меркел неодамна предупреди на руското влијание во Србија и во другите држави на Балканот.
– Русија се обидува 25 години по падот на Берлинскиот ѕид, кој сигнализираше и слабеење на нејзиното влијалние во источна Европа, да врати од загубеното влијание.
Според аналитичарите на „Ројтерс“, политичката борба на Западот и на Истокот околу Србија се заострува, а српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш и отворањето руски медиумски сервис во Србија се дел од меката дипломатија со цел поправање на сликата и зајакнување на влијанието во светот.Главата улога ја има Србија поради блискоста со Русија. На Запад има сѐ повеќе политичари кои врската меѓу Москва и Белград ја оценуваат како потен

Пронајдете не на следниве мрежи: