„Ројтерс“ пренесе дека еден континент старее побрзо од другит и дека му се потребни имигранти, иако жителите на земјите не ги сакаат баш многу.Европа би можела да го ублажи влијанието на стареењето на работната сила до 2020 година, кога би се вработувале повеќе жени и постари луѓе, би се поттикнувала мобилноста и подобро би се искористувале постоечките мигранти, сметаат експертите на ЕУ и ОЕЦД.
„Ако ѝ ја затворите вратата (на имиграцијата), ќе платите висока економска цена“, предупредува Жан Кристоф Думонт, експерт за миграции и додаде дека засега би можеле подобро да се искористат постоечките мигранти, но и подобро да се прилагодат нивните вештини кон потребите на пазарот за труд.
Судејќи по сегашните трендови, бројот на жители на Германија, Шпанија и Полска ќе почне да се намалува и тоа ќе го забави нивниот потенцијал за економски раст.
Од можните 82 милиони жители, Германија би можела да падне на 74,7 милиони жители до 2050 година, а нивната просечна возраст би се зголемила на готово 50 години.
Тоа значи дека ќе дојде до сериозни проблеми на пазарот за труд во некои од посилните европски земји – Австрија, Холандија и Финска.
Од друга страна, Велика Британија, Франција и Ирска и во помала мера Италија, би можеле да очекуваат здрав раст на населението. Британија до 2050 година ќе ја престигне Германија како најмногубројна нација со 77,2 жители.
Острите критики кон имиграцијата, го натераа папата Фрањо во Европскиот парламент да апелира кон Европа да биде поотворена кон оние луѓе кои пристигнуваат преку Средоземното море во потрага по подобар живот.
Друг важен аргумент за рационална дебата е сѐ поголемото влијание на негативните демографски трендови врз финансирањето на пензискиот и здравствениот систем, посебно во земјите како што се Германија и Шпанија, кои имаат најстаро население.
Со оглед на тоа дека повоената „бејби бум“ генерација оди во пензија, односот помеѓу постарите над 65 години и работно способните жители ќе порасне, а бројот на помлади под 15 години ќе се намали за готово 15% до 2060 година, вели „Еуростат“.
„Демографијата ја придвижува побарувачката“, истакнува Пол Хоџес, директорот на компанијата „International eChem“. „Постарите луѓе имаат помали потреби за станови, автомобили и потрошувачка роба. Плус што мораат да се снајдат со пониските примања кои им ги носи пензијата, која ја забавува економијата.“
Без имигрантите, на Европа ќе ѝ треба голем раст на продуктивноста за да го задржи својот животен стандард.Европа би можела да го ублажи влијанието на стареењето на работната сила до 2020 година, кога би се вработувале повеќе жени и постари луѓе, би се п



