Капетанот на Коста Конкордија тврди дека бродот потонал поради глупава грешка

Крузерот „Коста Конкордија“ пред три години доживеа хаварија како последица на „глупава грешка“, денеска пред судот изјави капетанот на бродот Франческо Скетино, цитиран од ДПА, пренесува МИА.За првпат во судскиот процес тој денеска беше повикан на распит, во кој е обвинет за убиство од небрежност и други тешки кривични дела.
„Коста Конкордија“ во ноќта на 13 јануари 2012 година се удри во подводни карпи, се наведна на едната страна и потоа делумно потона, откако претходно ја напушти својата предвидена маршрута и се доближи до островот Џилио.
На бродот се наоѓаа 4.229 лица, од кои 32 загинаа.
– Во основата на трагедијата лежи една глупава грешка, рече Скетино пред обвинителот Алесандро Леопици, потврдувајќи дека немало комуникација меѓу него и другите членови на екипажот во периодот пред судирот.
– Мислите ли дека не се измачувам?, рече 54-годишниот капетан за време на судското заседание во Гросето, во централна Италија.
Едно од нештата кои се измешаа за време на свртувањето кон Џилио е што некој на палубата требало да ја преземе обврската за набљудување од индонезискиот морнар од екипажот Јакоб Русли Бин, кој бил преместен на местото на кормилар, посочи Скетино. Оваа одлука ја донел неговиот заменик Чиро Амброзио, под чии наредби се наоѓала „Коста Конкордија“ на почетокот од маневарот кај Џилио. Скетино изјави дека не забележал проблем затоа што, иако и бил таму, тој бил зафатен со телефонски разговор.
Скетино влегол во командната сала на бродот на 11 минути пред несреќата, но формално контролата врз крузерот ја презел пет минути подоцна, оставајќи го Амброзио извесно време на командното место.
Записите од црната кутија пред тоа покажаа дека откако Скетино ја презел контролата, Русли Бин имал проблеми со разбирањето на неговите наредби за курсот на бродот. Предмет на спор е дали судирот ќе бил избегнат доколку кормиларот дејствувал побрзо, посочува ДПА.
Сопствениците на „Коста Конкордија“, од компанијата „Коста Крочиере“, не биле информирани за отстапувањето од маршрутата, иако вакви промени во маршрутата редовно се правеле, а капетанот имал право да ги прави според свое мислење, изјави Скетино пред судот.За првпат во судскиот процес тој денеска беше повикан на распит, во кој е обвинет за убиство од небрежност и други тешки кривични дела.

Пронајдете не на следниве мрежи: