Статуа на Св. Јован Непомук спаси момче од сигурна смрт!

За предбожиќната среќа во несреќа во Горна Австрија завчера се погрижи Свети Јован Непомук, римокатолички маченик и светец од 14. век чија гранитна статуа спаси еден возач во автомобилска несреќа.Драматичниот настан се случил во саботата околу 21 часот кај местото Бухкирхен кога еден 18-годишен возач загубил контрола над автомобилот. Удрил во металната ограда од мостот, чија шипка го пробила ветробранското стакло. Можела да му се зарие директно во грлото и да го заколе, но во моментот врз неа паднала четири тони тешката статуа на Свети Јован. Така шипката запрела неколку сантиметри пред вратот на момчето и останал жив.
– Да не беше светецот, ова парче од оградата како копје би поминало низ момчето – велат пожарникарите кои го спасувале младиот возач од автомобилот.
Ударот на возилото го изместило светецот од своето бетонско лежиште и гопотпрело на деформираната метална ограда и таа спречи трагедија. Камениот чувар на мостот и спасителот на живото во Бухкирхен ќе мора со помош на дигалка да биде вратен на свое место.Драматичниот настан се случил во саботата околу 21 часот кај местото Бухкирхен кога еден 18-годишен возач загубил контрола над автомобилот. Удрил в

Пронајдете не на следниве мрежи: