Без дилема, добро ги знаете овие имиња во продолжение. Можеби знаете и по нешто дополнително за нив, но веројатно не сте знаеле дека и овие ѕвезди го слават Божик денес, заедно со православните верници.
Кристијан Бејл
Популарниот холивудски актер Кристијан Бејл, познат по низа големи и впечатливи улоги, прешол на православна вера поради својата сопруга Сандра Блажиќ, со која е во брак речиси 20 години.
Сандра, чие вистинско име е Србослава, е дете на српски емигранти кои кон крајот на ’60-тите години емигрирале во САД. Поради љубовта кон Сандра, Бејл се одрече дури и од мајка си и сестра си, кои беа против нивната врска.
Џенифер Анистон
Меѓу православните холивудски ѕвезди е и актерката Џенифер Анистон, најпозната по својата улога во серијата „Пријатели“. Православната вера ја „наследила“ од нејзиниот татко Јанис Анасакис, кој е роден на грчкиот остров Крит.
Том Хенкс
Оскаровецот Том Хенкс бил роден како католик, но се покрсти во православна црква поради својата втора сопруга Рита Вилсон, која е православна и има бугарско-грчко потекло.
„Кога ќе одлучиш да се ожениш и да имаш деца, важно е да одлучите кое духовно наследство го сакаш во семејството. Се оженив во истата црква во која е крстена мојата жена, а таму се крстени и нашите деца“, рече Хенкс во една прилика.
Џејмс Белуши
Актерот познат по хумористичните улоги и серии, е син на албански емигранти и припадник на Албанската православна црква. Активно ја посетувал Српската православна црква во Лос Анџелес, сѐ до крајот на ’90-тите, кога ја поддржа независноста на Косово.
Наоми Кемпбел
Дури и познатиот модел Наоми Кемпбел е православна. Стана припадник на Руската православна црква за време на нејзината врска со рускиот тајкун Владислава Дороњин.
Боб Марли
Знаете кој друг би го славел Божик денес? Легендарниот Боб Марли. Дефинитивно не можеме да го вброиме во холивудските ѕвезди, но затоа е планетарна легенда. Е па на 4 мај 1980 година, неколку месеци пред да пoчинe од paк, реге пејачот се покрстил во Етиопската православна црква во Кингстон (Јамајка) и го земал името Берхане Селасие. Во превод, името значи „Светлината на Светото Тројство“.
Извор: 365