Жестоки судири во Фергусон поради одлуката на судот да го ослободи полицаецот кој застрела црномуресто момче

Жестоки судири проследени со грабежи, синоќа избија во американското гратче Фергусон, откако беше соопштена одлуката на големата порота дека нема судски да се гони белиот полицаец кој уби невооружено 18-годишно црномуресто момче.„Нема правда, нема мир“, скандираа гневните демонстранти откако полицаецот Дарен Вилсон беше ослободен од обвиненијата и покрај повиците за мир од страна на претседателот на САД, Барак Обака, и семејството на убиеното момче Мајкл Браун.
Убиството на момчето покажа во која мерка расизмот се уште е присутен во САД и на груб начин ги откри затегнатите односи во малото гратче со мнозинство црно население и полиција во која мнозинството се белци.
Набрзо откако била објавена одлуката, американскиот претседател и семејството на Мајкл Браун ги повикале демонстрантите незадоволството да го изразат на мирен начин а полицијата да се воздржи од жестоки реакции. Но, полицијата била принудена да употреби солзавци за да ги растера демонстрантите.
Семејството на убиеното момче изразило длабоко разочарување поради фактот дека нема судски да се гони убиецот на нивниот син, но повикале на мир.
– Ние сме држава која се темели на почитување на законите, рекол Обама во кратката изјава и додал дека во многу делови на САД сѐ уште владее голема недоверба меѓу силите на редот и припадниците на заедниците со друга боја на кожата, истакнувајќи дека таквата состојба мора да се промени.
„Нема правда, нема мир“, скандираа гневните демонстранти откако полицаецот Дарен Вилсон беше ослободен од обвиненијата и покрај повицит

Пронајдете не на следниве мрежи: