Регулаторна комисија за енергетика утре напладна ќе ги соопшти новите цени на горивата.
Со последната промена минатата недела за половина денар поевтинија бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ.
Новата цена на Еуросупер БС – 98 сега изнесува 68 денари за литар, 70 денари чини литар Еуросупер БС-98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.
Цената на мазутот M-1 HC се зголеми за 0,305 денари и килограм од тој енергенс се продава за 38,548 денари.
Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика беше донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.
Утре останува да видиме дали не очекува ново намалување на горивата.