Имаше само 27 години: Почина најмалиот човек на светот

Најмалиот човек во светот, спосовен самостојно да оди, починал во болница во Непал на 27-годишна возраст, пренесе Би-би-си.
Кагендра Тапа Магар од Непал беше висока 67,08 сантиметри. Неговиот брат за новинската агенција АФП изјави дека Кагендра починал во петокот по боледување од пневмонија.
Комитетот за рекорди на „Гинис“ изјави дека неговиот низок раст не го спречил овој жител на Непал да има интересен живот.


Тој беше прогласен за најмал човек во светот на неговиот 18-ти роденден во 2010 година.
„Не се гледам себеси како мал човек. Снетам дека сум голем човек. Се надевам дека добивањето на оваа титула ќе ми овозможи да го докажам тоа како би обезбедил пристоен дом за себе и за своето семејство“, изјави Кагендра при врачувањето на признанието


Откако влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2010 година, тој патуваше низ светот и се појави на телевизија во Европа и Америка. Исто така стана официјален претставник на непалската кампања за туризам.
По неговата смрт, најмал човек способен самостојно да се движи е Колумбиецот Едвард Ернандез, кој е висок 70,21 сантиметри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.