Напнато: 4 руски бродови се приближуваат кон северниот брег на Австралија

Австралиските власти соопштија денес дека следат четири руски воени бродови кои се приближуваат до северниот брег на Австралија, што премиерот Тони Абот го смета тоа како покажување на воената моќ на Москва во ек на напнатите односи помеѓу двете држави по соборувањето на малезискиот авион во Украина во јули.Руската флота се движи кон австралиските води пред доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин на самитот G20 во Бризбејн, а по неговиот разговор со Абот во Пекинг
Помеѓу руските бродови се наоѓаат „тешко вооружен“ брод и разорувач и брод за дополнување гориво.
Присуството на Путин во Бризбејн е спорно со оглед на гневот на Австралија порад соборување на малезискиот авион во јули на истокот на Украина, во кој загинаа сите 298 патника и членови на екипажот, вклучувајќи и 38 државјани на Австралија.
Но членките на G20 постигнале консензус дека Путин би требало да присуствува на самитот во австралискиот град иако Киев и Запад тврдат дека авионот е соборен со ракета која е доставена од Русија, на што Москва одрекува.
„Не е необично што Русите се распоредуваат во близина на места каде што се одржуваат важни конференции, а да не заборавиме дека Русија во последно време значително се засили на воено поле“, рекол Абот денес во Мјанмар на маргините на источноазискиот самит.

Австралиските власти потсетуваат дека руската морнарица и претходно ги распоредувала своите воени бродови во време на значајни меѓународни собири, како кога воен брод на руската пацифичка флота го следеше поранешниот претседател Димитриј Медвеев при посетата на Сан Франциско во 2010 година.
Лидерите на G20, вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, ќе се состанат во сабота и недела во Бризбејн, каде главна тема на разговорот ќе биде поттикнување на глобалниот раст, но се очекува да се разгледа и ситуацијата во Украина.Руската флота се движи кон австралиските води пред доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин на самитот G20 во Бризбејн, а по неговиот разгов

Пронајдете не на следниве мрежи: