Салата со сино сирење

Состојки
100 гр мешавина за салата(марула,рукола и спанаќ)
50 гр сино сирење
50 гр јатки ореви
Прелив
2 лажици маслиново масло
2 лажици сок од лимета
1 мала лажичка сенф
малку црн бибер

Убава салата која може да биде и замена за оброк.
Зеленчукот убаво се мие и се става во чинија. Се додаваат оревите.
Згора изронете сино сирење.
Се прелива со преливот кој се подготвува така што убаво се мешаат сите состојки.
На здравје!


Пронајдете не на следниве мрежи: