Забрана за движење на сите возила на Плетвар и кон Шапка

Забрана за сообраќај за сите видови возила има на планинскиот превој Плетвар.
Поради интензивни врнежи од снег, силен ветер и намети, на патниот правец Тетово – П.Шапка се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила. На патниот правец Тетово – г.п.Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Во западниот дел од државата провејува слаб снег.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.