Поранешна навивачка на NFL е обвинета за силување на 15-годишно момче

Жената, која некогаш беше најстарата навивачка во NFL, се соочува со обвиненија за силувањеи и за наводни сексуални средби со тинејџер во една викендичка во Делавер.Поранешната навивачка Моли Шатук (47), во средата сама им се предаде на властите и беше изнесена пред суд под обвинение за силување од трет степен, незаконски сексуален контакт и нудење алкохол на малолетници, соопшти полицијата.
– Наводната врска на Шатук со 15-годишното момче започна во област во која тие живеат во близина на Балтимор, Мериленд, а кулминираше со сексуален однос во една викендичка за изнајмување во Бетани Бич, Делавер, во текот на празничниот викенд за Денот на трудот – соопшти државната полиција на Делавер.
Таа се изјасни дека не е виновена и побара кауција во износ од 84.000 долари.
– Ова е тешка ситуација за сите инволвирани. Ви благодариме за вашето време -рече нејзиниот адвокат Мишел Липковиц.
Шатук стана најстарата навивачка во NFL, кога таа му се приклучи тимот на „Гавраните“ во 2005 година, кога имала 38 години.
Во 1997 година, таа се омажи за Мајо Шатук Трети, поранешен извршен директор на „Constellation Energy“. Тие двајцата се разделени и минуваат низ фаза на развод.
Моли исто така објави книга, „Исполнето живеење”, во која дава совети за подобра начин на живот и здрави навики.Поранешната навивачка Моли Шатук (47), во средата сама им се предаде на властите и беше изнесена пред суд под обвинение за силување од трет степен,

Пронајдете не на следниве мрежи: