Иако во нашата кујна не е вообичаено мед да се додава во солени јадењеа, овој вкус ќе ве воодушеви. Кој пробал, знае.
Потребни состојки:
– 2 лажици малсиново масло
– 600 гр пилешко бело месо
– сол и бибер по вкус
– 3 лажици мед
– 3 лажици соја сос
– 3 чешниња лук
Подготовка:
Во тава за пржење загрејте го маслиновото масло на средна температура.
Исечкајте го пилешкото на коцки и додадете сол и бибер по вкус (имајте предвид дека соја сосот содржи многу сол). Ставете го пилешкото во тавата и пржете 3-4 минути од едната страна, а во меѓувреме, направете го сосот.
Измешајте го медот со соја сосот, додадете го лукот и добро измешајте. Истурете го сосот во тавата и промешајте за месото убаво да се измачка со него од сите страни. Гответе уште 4-5 минути додека месото не биде готово.
Ова пилешко одлично се комбинира со варен, чист ориз, но и со некои други зеленчуци и салата по ваш избор.