Рецепт за омилениот чоколаден десерт на Кејт Мидлтон

Ако обожавате да пробувате нови чоколадни десерти, тогаш ќе бидете воодушевени од омилениот десерт на Кејт Мидлтон.
Рецептот за кралски пудинг од чоколадо го сподели поранешен готвач на британското кралско семејство.
Состојки за 6 порции:
За пудинг:
170g урми, исечкани на 8 делови
1 лажичка сода
240ml зовриена вода
60g путер
170g шеќер
225g темно чоколадо
1 јајце
230g брашно
1 лажичка ванила
1 лажичка прашок за печиво
За прелив:
310g кафеав шеќер
200g путер
125g темно чоколадо
9 лажици хопла


Подготовка:
Соединете ги сите состојки за преливот и ставете ги на тивок оган да провријат. Варете 4-5 минути. Поделете го сосот на два дела – едниот (околу 350ml) оставте го за пудингот, другиот за декорација.
Урмите ставете ги во зовриената вода и дадете сода бикарбона. Мешајте додека содата не се растопи и оставете да се оладат.
Путерот и шеќерот промешајте ги со матење, па додадете ги јајцето и ванилата. Постојано мешајте.
Додавајте го брашното постепено, заедно со прашокот за печиво, а потоа и урмите и чоколадото. Миксирајте додека смесата не се измазни, без грутки.
Смесата ставете ја во претходно сварениот, изладен пудинг.


Прекријте ја мешавината со фолија и ставете го колачот во рерна во калапи, да се пече поколу 30-40 минути на средна температурата.
Тест направете со чепкалка за заби – боцнете ја средината на колачот: ако чепкалката излезе чиста, колачот е готов. Ако има остатоци од смесата, допечете уште некоја минута.
Ставете го колач-пудингот на чинија и прелијте со белиот сос. Послужете со сладолед или овошје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.